(ВИДЕО) Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ сака да ги блокира преговорите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ја повторува старата тактика, да ги блокира преговорите со нивно постојано одложување. Барање за консултации, барање за паузи, враќање назад на прашања коишто одамна се расчистија.

Очигледно целта е преговорите да влезат во некаков ќорсокак. Тоа нема да им помине. Слично како и со Законот за Специјалниот јавен обвинител, роковите се тука за да се почитуваат. Утре, договор за изборниот закон мора да има“, рече на денешната прес конференција заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Неготино.

„Во текот на последните неколку дена, во преговорите за новата изборна регулатива СДСМ предложи зголемување на квотата од 40% на жени, односно на двата пола, на сите кандидатски листи. Тоа значи дека предлогот којшто беше предложен од македонското женско лоби, целосно, во текот на овие преговори ќе го поддржиме и ќе бараме жените во Р.Македонија ќе го добијат заслуженото место.

Очекуваме дека и другите политички партии, во преговорите ќе го поддржат она што го прифаќаа во текот на сите разговори.

Денеска, во Неготино ги започнуваме трибините коишто ќе се реализираат низ цела Република Македонија во текот на кои, во овие 5 недели, ќе ја дефинираме нашата визија, Визијата за Македонија. Ќе зборуваме за проблемите коишто ги мачат граѓаните, ќе зборуваме за нашите решенија, но, ќе понудиме и шанса на сите, граѓани, невладини организации, здруженија, заинтересирани страни, да кажат кои се нивните предлози, кои се нивните барања од следната власт во нашата држава.

На крајот од овој процес ќе имаме програма којашто нема само да одговара пред членовите и симпатизерите на опозицијата и СДСМ туку тоа ќе биде програма за враќање на средната класа и враќање на Р.Македонија во делот на нормалните, демократски и просперитетни држави“, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата