(ВИДЕО) Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бара причина да нема договор, бегаат од фер избори

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска пред денешната средба на политичките партии кажа дека според она што се случуваше во изминативе 2 месеца и новите барања коишто беа измислени во последните 10-тина дена станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на се она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година.

-Заради тоа им беше потребно да ги менуваат законите коишто се однесуваат на министерот за внатрешни работи и заради тоа им е потребно да ги проблематизираат сите работи коишто беа затворени уште во 2015-та година.

Ние сметаме дека на Македонија час поскоро и требаат фер и демократски избори.

Заради тоа во целиот овој преговарачки период баравме решенија, а не отворавме нови прашања и така ќе продолжиме и понатаму.

На граѓаните им треба разврска на кризата, ама на граѓаните им требаат реални, вистински, фер и демократски избори, а не уште едни криминални избори, рече Шеќеринска.

-Во преговорите важно е да знаете што е потребно не на нас или на некоја друга политичка партија, туку што им е потребно на граѓаните на Република Македонија и на оваа држава – разврска на кризата, фер и демократски избори, `се под тоа за нас е неприфатливо, меѓутоа сите идеи коишто можат да не доведат до фер и демократски избори и до решавање на кризата којашто на оваа држава и на нејзините граѓани им одзема многу време, сето тоа е вредно да се разгледува, рече таа.

На прашање дали може да се очекува денеска договор, Шеќеринска одговори:

-Предвидувањата се покажаа не многу продуктивни во изминатиот период затоа и јас не би сакала да предвидувам. Ако целта на сите партии е како што велат разврска и фер и демократски избори – лесно ќе се најдеше решение, меѓутоа стана јасно дека владејачката партија бара рачка за да нема договор. Затоа што, кога нема договор тие можат да продолжат да ловат во матно, тоа ниту за нас, ниту за Македонија, ниту за граѓаните на Македонија не е решение, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра