(ВИДЕО) Шекеринска со повик новинарите и невладините да предложат главен уредник на МРТ

Од:

На Република Македонија и треба и поинаква политичка култура. Македонија не се политичките партии, туку нејзините граѓани и за нив партиската држава во што се претвори Република Македонија е лоша држава, рече потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Затоа сметаме дека дел од промените во Македонија се токму промени во овој дел. Промените кои што сметаме дека треба да и се случат на нашата држава ги започнуваме и од себе, затоа СДСМ јавно упатува повик на сите поединци професионалци, професионалните новинарски здруженија, граѓанските организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци за членови на ад хок телото кое што ќе врши мониторинг за однесување на медиумите во целиот предизборен период. Истиот повик го упатуваме и за кандидати за главен и одговорен уредник на Македонската телевизија, рече Шекеринска.

Граѓаните мора да ја знаат вистината, а не платени лаги. На Република Македонија и се неопходни фер и демократски избори. Такви избори се невозможни ако медиумите не известуваат објективно и професионално, смета Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ