(ВИДЕО) Шекеринска: Празнувањето на овој ден е уште еден аргумент зошто на Македонија и е местото во ЕУ

Од:

Владина делегација предводена од заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денес присуствуваше на свеченоста по повод прославата на 23 Мај – Националниот ден на Власите. Во делегацијата учествуваа и заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и заменик-министерот за економија Кире Наумов.

Обраќајќи се на присутните гости на свеченоста, Шекеринска на влашки јазик им го честиташепразникот за кој рече дека е симбол на соживотот во Република Македонија.

Празнувајќи го овој ден се потсетуваме на важноста на секој народ кој е дел на Република Македонија како заедничка држава на сите нас и како наша заедничка татковина, рече министерката.

Тоа е и пригода, додаде таа, да се потсетиме дека Македонија е пример не само на Балканот туку и пошироко за тоа како можат да се негуваат и да се унапредуваат различностите и тоа е можеби најголемиот аргумент зошто Македонија треба да биде дел од европското ѕвездено небо.

Шекеринска рече дека влашката заедница има посебно место во РМ бидејќи даде значаен историски, културен и општествен придонес во изградбата на нашата заедничка држава.

Организаторите на свеченоста и се заблагодарија на владината делегација на присуството потенцирајќи дека граѓаните на Македонија се едно без оглед на нивната етничка припадност и дека сите заедно сакаат да бидат и дел од ѕвезденото небо кое го симболизира заедништвото во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска