(ВИДЕО) Шекеринска: Нема ултиматум што ќе ја сруши нашата одлучност

Од:

„Колку ултиматуми слушнавте до денеска од Трајко Вељаноски?! Секој втор ден се заканува дека ќе ги усвоел оставките.

Ама после секој ултиматум добиваше јасна порака од нашите пратеници. Повели, ги поднесовме оставките за да ги усвоиш.

Трајко Вељановски ќе даде ултиматум, ќе го потврди уште еднаш и уште еднаш и ќе го снема. После месец почнува со нови ултиматуми и со нови лаги“, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на вчерашната трибина во Струмица.

„Меѓутоа сакам и овде и во Струмица да оддадам признание на сите наши коалициски партнери, меѓутоа и на сите наши пратеници кои ја добија довербата од вас и знаат дека ви должат, да стојат зад договореното.

И кога `не прашуваат на што се должи таа ваша цврстина, не е тоа од инает, таа цврстина се должи на искуството што го имаме. Секој пат се враќавме назад во Парламентот заради Македонија. Горди бевме поради тоа.

Ама сега знаеме дека За Македонија треба да останеме надвор од Парламентот, и тоа го правиме секој ден и го покажуваме со секој наш чекор.

Тука се и Панче и Марјан и сите оние кои не се присутни. Знаете зошто влегуваме со кренато чело и чист образ? Заради нивната чесност. Заради вашата подршка на нашата одлука.

Затоа сме силни и затоа ја испративме пораката, нема ултиматум што ќе ја сруши нашата верба.

За Македонија мора да се бориме и ова е нашата борба денес, да бидеме надвор од Парламентот, за да покажеме дека кражба изборна не смее повеќе да дозволи Република Македонија“, вели Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он