(ВИДЕО) Шекеринска: Нашата цел е просечната плата да изнесува над 29 илјади денари

Од:

Во Пробиштип ја добиваме истата порака којашто ја слушаме низ цела Македонија. Тоа е дека граѓаните бараат промени. Граѓаните бараат подобар живот и граѓаните бараат решавање на проблемите, наместо страв, наместо поделби, наместо уцени и притисоци. Македонските граѓани не бараат преку леб погача. Бараат да се решат нивните суштински проблеми. Да се фокусираме на прашањата како што се локалната економија, нови работни места, работни места за младите, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Меѓутоа работни места коишто ќе им обезбедат егзистенција, а не работни места коишто ќе значат подминимална или минимална плата.

Заради тоа во Пробиштип главниот акцент го ставаме токму на овие мерки. Имаме план според којшто Владата и со државни средства од буџетот ќе ја стимулира домашната економија и ќе им даде шанса на македонските фирми да ја користат сличната подршка којашто ја уживаат дел од странските фирми во државата.

На тој начин ќе стимулираме создавање на работни места на подолг рок, а не само за 4, 5 или 7 години.

Дополнително, нашиот план е да стимулираме подобро платени места.

Со закон ќе ја зголемиме минималната плата на износ над 12 илјади. Целта ќе  ни биде на крајот минималната плата да изнесува 15 илјади денари, меѓутоа со серија на мерки коишто ќе бидат стимулација на подобро платени работни места.

Целта ни е просечната плата во Македонија да изнесува над 29 илјади денари.

Сметаме дека само на ваков начин ќе ги задржиме младите во Македонија и на ваков начин ќе создадеме шанса за создавање семејства дома, наместо заминување во странство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа