(ВИДЕО) Шекеринска: Лабуништа и струшко испраќаат порака – заедништвото е поголемо од поделбите

Од:

„Денеска сме во Струга и во струшко. И навистина не радува големата поддршка која ја добиваме и овде, во Лабуништа.

Сите граѓани, низ цела Македонија, низ цела Изборна единица 5 ја праќаат истата порака. Дека сакаат општество во кое сите сме еднакви, во коешто државата е солидарна и хумана кон сите луѓе, и во коешто заедништвото е поголемо од поделбите.

Видовме каде не носи политиката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Поделби, омраза, кавги, додека тие многу сложно и многу братски си ги делат тендерите и бизнисите.

Ние ставаме точка на таквата политика. Ќе градиме држава во која секој е важен. Во која секој граѓанин на Република Македонија, без разлика на етничката, верска или политичка припадност, ќе ги ужива сите права и ќе има шанса да гради живот овде, во Македонија“, рече Шекеринска.

„И Лабуништа и струшко и цела Македонија, гледа како младите заминуваат од државата. Цели региони и цели села се прехрануваат со парите коишто ги добиваат од нашите иселеници.

Ние имаме план како да направиме животот да е подобар во Република Македонија.

Имаме план со кој ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да создаваат нови работни места, и за да обезбедуваат повисоки плати.

На тој начин платите, стандардот ќе расте, на тој начин ќе растат и пензиите, и на тој начин и младите и возрасните ќе одлучат да останат овде а не да заминуваат.

Имаме План за живот во Македонија, а по 11 декември заедно ќе го реализираме“, изјави Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски