(ВИДЕО) Шекеринска: Ќе видите какво злосторничко здружување направила власта на Груевски

Од:

Ни го поставуваат истото прашање, кога ќе се случи она што го најавувате?

Сакам да ви порачам една работа, ние и на овие избори и пред изборите покажавме дека во Илинденска б.б се наоѓа криминална група којашто сака да ја искористи Македонија за лично богатење и за вечно владеење. Во двата месеца после изборите се сконцентриравме на една единствена цел. Сето тоа што го гледавме за време на избори, да го докажеме. Да покажеме како се крадат изборите, да покажеме како се крадат парите од Буџетот, да покажеме како се злоупотребуваат и институциите и медиумите, и `се, што во оваа држава, сме сметале дека е свето.

Почитувани кумановци, тие докази ги имаме. Почитувани кумановци со тие докази ние сакаме да ја испратиме оваа власт во историјата.

Тоа ќе го сториме со стратешки пристап. Тоа ќе го сториме, покажувајќи на секој македонски граѓанин, какво злосторничко здружување понудила владата на Груевски. Немаме никаква дилема дека вистината е нашиот најголем сојузник. Ќе ве повикам да се сетите како се постави власта кога излегоа на виделина многу докази за нивниот криминал и однесување. Молчеа. Ги затворија сите медиуми коишто ги контролираат и не дозволуваа ниедна информација да влезе во ушите на граѓаните.

Ние сега имаме обврска да не дозволиме тоа да се случи со овие документи. Затоа ќе ве повикам сите, кога ќе почнеме да ги објавуваме овие документи – секој од вас ја има шансата да стане наш микрофон. Секој од вас ја има шансата да ја шири вистината и да покаже дека ушите на македонските граѓани не можат вечно да бидат затворени од една власт којашто контролира се.

Почитувани граѓани, во нашите раце ги имаме документите кои ќе ги срушат сите сомнежи и сите дилеми коишто некој во Македонија ги имал за македонската власт. Нашата борба со тоа нема да заврши, но нашата борба ќе почне со повеќе оружје, со повеќе аргументи, со повеќе примери, со кои на македонската јавност ќе и покажеме дека некој друг одлучувал во нејзино име, рече Шекеринска на вчерашната трибина во Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски