(ВИДЕО) Шекеринска: Како ќе се менуваат мерките, така ќе се менува и армискиот ангажман

Од:

Како што ќе се менуваат и прилагодуваат мерките, така ќе се менува и армискиот ангажман, но се очекува зголемен ангажман од страна на општините, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, зборувајќи на денешната прес видеосесија КОВИД-19 „Прашања и одговори: Ретроспектива коронавирус МК“ со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

Таа информира дека во последната недела во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струмица, Куманово, Битола и Прилеп има распоредено армиски припадници како поддршка на полицијата и на локалната самоуправа, а се разговара по нивно барање со Велес, Кавадарци, Росоман и Гази Баба.

Во живо: КОВИД – 19 Прашања и одговори: ретроспектива – коронавирус МК

Во живо: КОВИД – 19 Прашања и одговори: ретроспектива – коронавирус МК

Posted by A1on.mk on Сабота, 18 април 2020

Министерката Шекеринска информриа дека на состанок пред неколку дена со министрите за одбрана имале прилика да видат дека сите земји искористиле ист модел, во вакви ситуации, како што подвлече, да употребуваш сила што ја чуваш за резерва, ако сега не ја употребиш Армијата нема кога.

– Нашите армиски структури дополнително даваа поддршка на повеќе општини и на државата во делот на дезинфекција бидејќи има специјална единица за тоа обучена, заштита од биолоши и хемиски ризици, инженериските единици беа ангажирани да го расчистат просторот на Клиничкиот центар и да овозможат активирање на полската болница, рече Шекеринска.

Меѓу другото истакна дека до денеска секојдневно се зголемува ангажманот на армијата, но функциите остануваат исти, почнавме со превземање на границите, потенцира Шекеринска, со заштита на критични инфраструктурни и витални објекти и со заштита на ДКП и обезбедување на карантините, со цел секој војник што ќе го распоредите ви дава шанса еден полицаец да го употребите на улица на пазар, блиску до маркети, да го употребите на спроведување на мерките кои сега значат живот.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски