(ВИДЕО) Шекеринска: Институциите да работат во служба на граѓаните!

Од:

„Македонија мора да им овозможи на своите граѓани квалитетни, ефикасни и достапни јавни услуги. Тоа е суштината на секоја добро организирана држава.

Граѓаните се жалат дека многу тешко ги завршуваат своите обврски низ државните институции, дека тешко доаѓаат до информации, дека е мал борјот на шалтери, дека мора да излезеш од работа за да си ја завршиш обврската, а дека трошоците постојано растат.

Затоа имаме план тоа да се промени, имаме план секоја институција во која граѓаните ги остваруваат своите права да работи во две смени и да овозможи услуги за граѓаните до 20 часот секој работен ден.

Имаме план дополнително сите непотребни докумнети кој значат голем трошок на граѓаните, многу изгубено време да бидат укинати, и да не бидат дел од ваквите постапки.

Имаме план за секоја постапка којашто се води во државната администрација во рок од 6 мецеси да бидат објавени сите документи којшто се потребни, да биде објавено колку трае, и да биде објавено колку вкупно чини.

Само на таков начин државата ќе работи за своите граѓани, само на таков начин институциите и администрацијата ќе бидат во служба на своите граѓани.

Сметаме дека со ваквиот план дополнително ќе се искористат сите ресурси и сите капацитети на луѓето во државната администрација, секој службеник ќе може чесно да си ја заработи својата плата којашто ја добива од граѓаните на Република Македонија“, изјави заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ