(ВИДЕО) Шекеринска: Го постигнавме невозможното, Македонија седнува на иста маса со светските велесили

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска непосредно пред самитот на НАТО во Брисел со видео – изјава до граѓаните на Република Македонија потенцира дека следните два дена Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили, и дека од 2008 година граѓаните видоа што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион.

-Утре и задутре, во Брисел, Република Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили. Нашата земја официјално ќе ја добие поканата за членство во НАТО. Оваа шанса во 2008 година ја пропуштивме и оттогаш натаму, работите тргнаа во погрешен правец. Видовме што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион. Поминувавме низ многу кризи, а државата стагнираше на секое поле. Почитувани сограѓани, во изминативе 10 години едно стана јасно – без отворени перспективи за членство во НАТО и во Европската Унија, иднината на Македонија е несигурна. Членството во НАТО е историска шанса која сега мора да ја искористиме. Со тоа Република Македонија ќе стане партнер и сојузник со најмоќните земји во светот. Членството во НАТО ќе биде стабилност и сигурност за Република Македонија и нејзините граѓани. Но, тоа ќе донесе и шанса за побрз економски развој и просперитет, вели Шекеринска во видео пораката.

Таа истакнува дека изминатата година беа направени крупни промени, крупни чекори напред, а решени беа тешки проблеми.

-Покажавме дека Македонија може подобро. Горда сум на постигнатото, продолжуваме понатаму, вели министерката Шекеринска во своето видео-обраќање.

Би можело да ве интересира

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија