(ВИДЕО) Шекеринска: Глас за Николов е глас за продолжување на успешните политики, за модерен Штип

Од:

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска заедно со кандидатот за градоначалник за Општина Штип, Сашко Николов посетија неколку населби и остварија средби со граѓаните согласно протоколите. Шеќеринска истакна дека денеска е да ја даде поддршката на Николов, но и ги повика граѓаните да ја искористат шансата на 13 декември и да го дадат Штип во сигурните раце на нивниот кандидат.

-Гласот за Николов на 13 Декември значи глас за поддршка за грижа кон Штип и кон потребите на штипјани. Тоа е глас за реконструирани улици, училишта, за нови градинки, за подобра инфраструктура, за продолжување на оној инвестициски замав, којшто започна уште со претходниот градоначалник, за сега министер за транспорт и врски, Бочварски. Како Влада и како партија покажавме дека се грижиме и дека инвестираме во истото, рече Шеќеринска.

Посочи дека сега е времето да се обзебеди континуитет во инвестициите во градот и во луѓето и таква гараниција, како што рече е Сашко Николов, којшто покажал дека знае што работи, како да го сработи и знае да помогне на огромен број на луѓе.

-Во исто време гласот за нашиот кандидат е за поголемо младинско учество во политиките на водење на градот, но и поголема шанса за рамноправност на жените во Штип. Токму овде и темите, кои се однесуваат на родовата еднаквост се важни и оттука доаѓаат многу јаки жени, коишто зборувале и се бореле за ваквата политика. СДСМ како партија секогаш беше чекор напред од останатите и кога првпат избра жена претседателка, јас ја добив таа чест , бев единствената заменик претседател на големите партии, како жена, кога ја воведовме првата женска квота во партиските структури и сега кога ја направивме оваа голема промена, Форумот на жени на СДСМ практично да биде дефиниран во статутот,вели Шеќеринска.

Кандидатот за градоначалник, Николов на прес-конференцијата во штипската населба Сењак порача дека само зедно вклучени во сите процеси може да се постигнат резултати, каква што му е Програмата, со која ја бара довербата од граѓаните на Штип.

-Програмата „Во сигурни раце“ нуди решавање на проблемите на граѓаните, за развој на градот, за еколошки град, каде што мора да работеме сите заедно. Борбата против загадувањето останува наш главен приоритет и за таа цел ќе имаме нов режим за собирање на сметот, каде во брзо време ќе бидат пуштени пет нови специјални возила, ќе се направи селекција на отпадот, односно одвојување на пластиката и стаклото, со што ќе се обезбедат и дополнителни контејнери на 30 нови локации во градот, вели Николов.

Порача дека покрај постоечките ќе се постават и нови мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух, а ќе се направи и нова паркова содржина во населбата Сењак 3, како и холитикултурно уредување на кејот на река Отиња од црквата Свети Никола до мостот во Ново Село, а нови паркови ќе имаат и селата Чардаклија и Карорман. Николов, какошто вели се обврзува Штип да биде отворена и услужна општина за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува