(ВИДЕО) Шекеринска: Бегаат од техничка влада поради страв од граѓаните

Од:

„Немаше сала во која влеговме а не беше полна. Немаше сала во која влеговме, а да не видиме дека луѓето се сериозно загрижени затоа што и се случува на Македонија.

Немаше куќа во која денеска тропнавме во Штип и во Кочани а во кои не ги слушнавме истите коментари чекаме “некој да не спаси”. Затоа сме тука. Помеѓу граѓаните на Република Македонија. Затоа сме тука помеѓу сите вас коишто ја поддржувате нашата опција, коишто ја поддржувате нашата коалиција, но најважно од се ја поддржувате оваа држава. Ја поддржувате нашата Македонија“, рече заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на вчерашната трибина во Кочани.

„На изборите оваа година, како и минатата година се виде дека на денот на гласање не одлучуваат граѓаните, туку одлучува власта. На денот и пред изборите видовме дека имаме многу малку медиуми, но имаме многу владини мегафони. На денот на изборите и пред изборите, видовме дека во Македонија не постојат веќе државни институции, туку само партиски испостави на ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа сме спремни да го промениме во Република Македонија. И затоа стоиме зад сопствениот збор. Не заради инает, туку заради верба, дека овој тип на режим мора да падне. На тој начин што граѓаните ќе си ја вратат во свои раце одлуката кој владее и кој победува.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ви прифати секаков закон, промена и на Устав и на закон ама дента после, се ќе заборават. Ќе ги заборави законите, се ќе прифатат ама некој друг да ги организира изборите не сакаат да прифатат, и тоа покажува дека сите во ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од врвот, знаат дека на граѓаните им е веќе преку глава. И знаат дека ако изборите не се организирани со страв и со корупција дека ќе ги казнат, затоа бегаат од техничка влада.

Затоа бегаат од попис, затоа бегаат од прочистен избирачки список. Затоа бегаат од делење на државата од партијата“, вели Шекеринска.

tribinaKocaniSDSM (1)

„Многумина што не ја знаат Македонија прашуваат што ви значи тоа споена ви е државата со партијата. Јас денеска ќе кажам овде само два примера, најинтересни се оти се највидливи. Кога беа изборите СДСМ и коалицијата поднесоа 122 приговора  за изборниот процес. Само 2 беа прифатени. Двата се однесуваа на почеток предвремен на кампањата на Ѓорѓе Иванов. И ние рековме еј добро е, барем два. Антикорупциска комисија беше задолжена да го казни Ѓорѓе Иванов, затоа што почнал со кампањата прерано.

Знаете што се случи 4 месеци подоцна кога ги прашаа каде е казната на Иванов. Антикорупциска му одговори на еден новинар дека пратиле писмо до кандидатот Ѓорѓе Иванов ама писмото им се вратило бидејќи адресата не им била позната. Адресата не била позната. Значи во една држава тој којшто седи во вилата на Водно е недостапен за институциите. На секој граѓанин во државата му е јасно, дека институциите не се во зградите на Владата, туку институциите се во онаа милионска што ја гради ВМРО-ДПМНЕ на ваша и на наша сметка.

Пример број 2 од Кочани. Се менуваат преку ноќ имиња на едно чудо улици. И нормално, Маршал Тито како ќе се вика? ВМРО. Значи не се ни кријат дека нивната желба е се што постои во државата, да се покрие со нивната партија.

tribinaKocaniSDSM (3)

Нашата цел и нашата боба надвор од парламентот е токму со ваков притисок, со теледиригирање на институциите да покажеме дека вака веќе не може.

Сега е моментот кога ќе покажеме дека ние имаме сила за големи дела. И затоа денеска сме присутни и на трибини. Целото раководство и многу наши тимови, денеска се присутни на терен. Денеска во Кочани сме помалку присутни на терен заради трибинава. Ве повикувам сите да работиме заедно. Да и покажеме на Македонија дека има верба за промени. И дека таа верба и тие промени ќе ги донесат одговорни луѓе, кои знаат да гледаат напред, и знаат да работат за Македонија. Ви благодарам за целиот труд досега и да работиме заедно“, рече заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ