(ВИДЕО) Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за пазарот на трудот, пензискиот систем и предучилишното образование

Од:

„Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се наоѓа населението“, нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција.

„Како Министерство кое во фокусот ги има најранливите групи на граѓани, децата, работниците, пензионерите, лицата со попреченост, имаме реална потреба од попис организиран согласно стандардите на Обединетите нации и според правилата на Евростат“, истакна министерката Шахпаска.

Таа додаде дека врз основа на податоците што ќе се добијат од пописот, Министерството за труд и социјална политика и Владата ќе можат да ги градат идните политики и стратегии, кои ќе овозможат ефикасен одговор на потребите на граѓаните.

„Од одговорот на прашањето каква е старосната структура на населението, зависат нашите политики за проширување на капацитетите во предучилишните установи, за изградба на домови за стари лица“, посочи Шахпаска.

Министерката истакна дека потребите на пазарот на трудот и насоките во кои треба да се движат обуките и преквалификацијата на работната сила се важен предуслов за ефикасно намалување на невработеноста, но и за обезбедување економски раст.

Таа потенцираше дека преку пописот ќе добиеме одговор и за: Дали и колку е застапена родовата еднаквост на пазарот на трудот? Каква е состојбата со родовото одговорно буџетирање? Податоци од кои потоа ќе зависат нашите идни стратегии.

„Податоците од пописот ќе овозможат на вистински начин да ги планираме политиките во пензискиот систем, за да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани. Како држава имаме обврска да се грижиме за лицата со попреченост и да обезбедиме нивна целосна инклузија. Тоа е возможно само со скенирање на реалната состојба на теренот“, истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека ова се само дел од прашањата чии одговори ќе ги добиеме со спроведувањето на пописот, а тоа ќе ни овозможи дефинирање на реалните потреби на населението.

„Пописот не е наш избор, тоа е наша обврска. Должни сме да креираме стратегии и политики кои одговараат на потребите на граѓаните и кои ни ја отвораат европската перспектива“, заклучи Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски