(ВИДЕО) Шахпаска: СДСМ е одлучно да изгради општество на рамноправни граѓани

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е одлучно во намерата да изгради општество на рамноправни граѓани.

На вчерашната собраниска седница е усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација. Направен е значаен чекор напред, кој не приближува кон европското семејство“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Одлучно велиме НЕ на сите форми на дискриминација. Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности.

Во Македонија за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме а тоа е сегрегацијата.

Проширени се надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција. Македонија конечно ќе добие професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, ослободена од политички и партиски влијанија.

Законот за спречување и заштита од дискриминација е заеднички проект на владејачкото мнозинство и невладиниот сектор. Продолжуваме заедно со граѓаните, со институциите да градиме систем кој ќе заштитува од секаков вид дискриминација“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието