(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

Од:

Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа на терен. На медиумските работници од Македонија не им е потребна акредитација од ДИК за да ги следат изборите, туку тие се идентификуваат едноставно со беџот издаден од нивната новинарска куќа или од новинарските здруженија во државата, апелира портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани.

Шабани напомена дека ДИК неколку пати им укажала на изборните органи како да се однесуваат во однос на македонските медиуми.

-Неколку пати од страна на ДИК им е укажано и ви стоиме на располагање ако имате таккви потешкотии при известувањето на терен, да ви помогнеме во тој дел. Секако, известувањето од терен сноси права и одговорности, но и правила на игра кои се однеусваат и на изборните органи и на новинарските екипи – да не го попречуваат изборниот процес и да не ја загрозуваат тајноста на гласањето, истакна Шабани, одговорајќи на новинарско прашање во врска со попреченоста на работата на новинарските екипи во избирачкото место 2918 во Чаир.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини