(ВИДЕО) Селмани: За медиумите е потребен консензус, а не тајни договори меѓу партиите

Од:

За Здружението на новинари (ЗНМ) е неприфатлив предлогот на СДСМ, поднесен во Собранието, за измени во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги со кои се предлага укинување на радиодифузната такса и МРТ да се финансира со 0,5 отсто од буџетот. Според ЗНМ, предлогот е поднесен во погрешно време, сметката на МРТ е блокирана и Владата преку УЈП, го уценува јавниот сервис.

За ЗНМ е неприфатливо да се напуштат преговорите каде одлуките се донесуваат со консензус и нема гаранција дека овој предлог на СДСМ ќе биде изгласан во Собранието, освен ако политичките партии од власта и опозицијата немаат таен договор за префрлување на преговорите за медиумите од Клубот на пратеници во Собранието.

– За нас е несфатливо дека СДСМ е таа што ќе сака дебатата за реформите во медиумите, од Клубот на пратеници да се префрли во Собрание, не дека тоа не е место каде треба да се разговара за овие прашања, но проблемот, очигледно, е начинот на гласање, бидејќи ако се напушта системот на консензус, тогаш СДСМ нема мнозинство во Собрание и за нас е несфатливо зошто токму сега доаѓа овој предлог од СДСМ, освен ако немаат намера да ќарат политички поени пред изборите, рече Насер Селмани претседател на ЗНМ.

Тој на новинарско прашање одговори дека имаат и конкретни сознанија за премолчен договор помеѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ.

– Да, имаме сознанија и овој предлог кој што денеска зборуваме, затоа што објаснете ми која е причината СДСМ да го напушти форматот на преговори од Клуб на пратеници во Собрание, која е гаранцијата дека тие предлози ќе поминат, ако нема некој договор со другите партии. Според нашите информации поголемите партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ имаат некој премолчен договор за прашања за кои што се тие договорени да ги поминат измените на Зконот во Собрание, а за тоа што нема да се договорат ќе се препукуваат, како и обично, рече Селмани

Според ЗНМ предлогот на СДСМ е во спротивност со предлогот на европскиот посредник Питер Ван Хауте и со тоа е на добар пат да се пропушти можноста за да се направат системски реформи во медиумите.

Во предлогот на Ван Хауте, освен за финансирање на МРТ, има и решенија за деполитизацијата на раководните органи на МРТ и Агенцијата за медиуми, забрана за владини реклами, укинување на непотребните обврски кон националните приватни телевизии, намалувење на казните за медиумите и зголемување на транспаретноста на институциите.

Со напуштањето на предлогот на медијаторот, кој СДСМ досега декларативно го поддржуваше, ќе влеземе во сценариото на власта да се глуми лажен активизам во Парламентот за наводни реформи во медиумите. Во суштина, измените во медиумските закони би биле само козметички, а тие нема да донесат никакви позитивни промени во медиумите, туку напротив, ќе и помогнат на власта да ја зајакне контролата и врз нив и врз медиумскиот регулатор.

ЗНМ смета дека со предлогот на СДСМ не се обезбедува стабилно и одржливо финансирање на јавниот радиодифузен сервис, без реално да се зголемат приходите на МРТ. Според проценките, 0.5 отсто од државниот буџет се околу 15 милиони евра. Толку пари, според официјални информации од Владата, МРТ имаше и во 2014 година и тоа не беше гаранција јавниот сервис непречено да работи.

ЗНМ ќе продолжи со залагањата за ови прашања затоа што, како што велат, мора да се создаде клим и свест дека промените во медиумите им се потребни на граѓаните, а не на партиите за кои тие се само инструмент за манипулација.

– Ги потсетуваме партиите, но и македонската јавност дека Македонија ако сака да ја задржи препораката за преговори со ЕУ треба драматично не ја подобри состојбата со слободата на медиумите. Суштинските реформи во медиумите се предуслов за кредибилни и слободни избори, велат од ЗНМ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје