(ВИДЕО) Селмани: Груевски и Вељаноски игнорираат, Ахмети нема време да разговара за реформи во медиумите

Од:

Петте организации ЗНМ, ССНМ, МИМ, Совет за етика во медиумите и Институтот за комуникациски студии, за 10 дена откако побараа разговори со политичките партии за да разговараат за реформи во медиумите, се сретнале само со лидерот на СДСМ, Заев. Екс премиерот Груевски и спикерот на Собранието, Вељаноски го игнорираат нивното барање, а Ахмети им одговорил дека нема време да разговара со новинари за медиумските реформи.

– Не е исклучено да организираме протести, нема да престанеме со нашите барања, нема да има молк, време е да го тргнеме срамот од оваа наша новинарска професија, рече Теофил Блажевски од ССНМ

Со ваквото неодговорно однесување власта го прогласи за ништовен договорот од Пржино, каде се обврза на медиумски реформи со цел да имаме слободни и веродостојни избори, оценуваат петте медиумски здруженија.

– ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ заради теснопартиски интереси ја доведуваат во прашање и интеграцијата на земјата во ЕУ. Ја повикуваме власта да ги исполни преземените обврски и да не поднесува во Собрание парцијални решенија, кои нема да ја подобрат состојбата со слободата на медиумите, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Тие бараат од опозицијата да ги повлече од собраниска процедура законските измени за укинување на радиодифузната такса.

– Ќе се спротивставиме на секој обид со козметички измени на законите што се однесуваат на медиумите, партиите да глумат медиумски реформи.

– Нашите барања остануваат исти. Забрана за владините реклами, независен јавен сервис, професионален медиумски регулатор, помали казни и обврски за приватните национални телевизии и отворени јавни институции. Со вакво игнорирање на реформата во медиумите, која треба да почне пред изборите во јуни, нема да се исполни условот за слободни и кредибилни избори, рече Селмани.

За изјавата на министерката Арсовска – Томовска дека има начелен договор меѓу партиите за медиумите, Селмани вели дека таков договор не постои.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он