(ВИДЕО) Села: Не се потребни многу докази, нарачатели на случувањата во Собранието се лидери на партии

Од:

Лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села по исказот во Обвинителството како оштетен од крвавиот четврток, кога тој беше брутално претепан рече дека не се потребни многу докази бидејќи тоа се случувало пред очите на јавноста.

– Мислам дека сите тие кои влегоа во Собранието треба да одговараат ако сакаме да имаме правна држава. Многу е јасно кои се нарачателите бидејќи не се срамат и уште ги поддржуваат таквите дејствија кои ги видовме во Собранието, тие се претседатели на партии, луѓе кои треба да одговараат пред органите на правдата и кои се спремни на се, само да избегнат одговорност пред правдата за злоделата, криминалот и корупцијата кои ја имаат направено последните 10 години, рече Села.

Тој кажа дека пратениците на тие лидери им се потребни само за гласање и дека најверојатно не останало пратеник кој поддржува таков лидер на партија.

Уште еднаш покажаа дека институцијата пратеник за нив не е важна со одлуката и наредбата која ја дадоа на судовите за условни казни на лица кои беа вклучени на случувањата како што 10 години покажауваа дека пратениците им се потребни само за гласање, рече Села.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Уште се чека на исходот за печатите на партијата, Алијанса за Албанците е соединета и во коалиција со Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците

Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука

За Таравари утрешниот настан е седница, а не средба со Централното претседателство