(ВИДЕО) Села: Ако не може полицијата, сами ќе се одбраниме

Од:

Државата не смее да влезе во нечиј двор без разлика на неговата етничка припадност. Ние ќе ги браниме нашите домови. Кога надлежните институции и полицијата не преземаат ништо, јасно е дека зад тоа стои можна политичка позадина – изјави градоначалникот на Струга Зијадин Села на денешниот протест против насилството на семејството Зекири, кој се оддржа во Стара чаршија.

Градоначалникот Села изјави дека хулиганите не можат да бидат појаки од системот, а владата е потребно да го смени Законот за оружје и да дозволи сите граѓани да носат оружје, бидејќи институциите немаат моќ да се справат со проблемите.

– Никој нема право некому да му ја земе слободата. Таа е дадена од Бог и пред се почнува од семејната куќа – додаде Села.

На протестот присуствуваа стотина граѓани, кои со развиорени знамиња на Албанија и транспаренти од плоштадот Скендербег се упатија кон Владата извикувајќи „УЧК“ и „Етничка Албанија“.

Преку протестот, тие сакаат да пружат поддршка на семејството Зекири, чија куќа беше предмет на бомбашки напади во изминатите денови.

Говорниците на протестот изјавија дека нападот на семејството Зекири претставува терористички акт и дека со ваквите инциденти Албанците се чувствуваат несигурни во Македонија, сакајќи да ги протераат од државата. Според нив, во последните години се вкоренува шовинизмот и се создава меѓуетничка омраза.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп