(ВИДЕО) Сефадин Исаки: Груевски и Ахмети го делат државниот колач, за граѓаните не им е грижа

Од:

Еден од многутемина сопственици на оштетени објекти во вчерашните инциденти во населбата Ѓорче Петров е и Сефадин Исаки, кој е газда на ресторан, чија локација е во близина на пазарот во општината.

Тој заедно со група на граѓани стоеше пред уништениот ресторан и ги гледаше направените штети од опожарениот објект. Исаки го исфрли својот бес кон владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, апелирајќи премиерот Груевски и Али Ахмети да се појават во јавноста и да преземат конкретни мерки, бидејќи ситуацијата не води никаде.

Како што вели сопственикот, секогаш кога постојат инциденти во Ѓорче Петров неговиот ресторан е предмет на напади, а тоа многупати се случувало во изминатите години.

– Не сме криви ние како граѓани на оваа држава што нас не малтретираат за секакви ситници. Ова е традиција што се случува во Ѓорче Петров, секој пат доаѓаат тука за секоја ситница. Граѓаните кои биле тука, не ги пуштиле полицијата, ниту пожарникарите да дојдат и реагираат на време да се изгаси пожарот. Премирот и Груевски и Али Ахмети го делат државниот колач, но не гледаат за нас граѓаните. Нека им е на чест ова што го прават. Ова нема да престане – изјави Исаки.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип