ВИДЕО: Се запали подрум на зграда во Аеродром

Од:

Гори подрум на зграда на улицата „23 Октомври“ во скопски Аеродром. Скопската противпожарна бригада е веќе на терен, а командантот Владимир Симоновски за „А1он“ вели дека повредени нема и пожарот е под контрола.

„На терен се две возила со осуммина пожарникари и огнот е веќе под контрола. Се уште чади, но пожарот е локализиран. Се запалиле две подрумски простории во зградата. Веќе нема опасност пожарот да се прошири на погорните катови“, рече командантот Симоновски.

Тој нагласи дека пожари во подрумските простории најчесто се случуваат поради застарена електрична инсталација, како и поради тоа што се пренатрупани. Причините за овој пожар допрва ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје