ВИДЕО: Се урива „Чичко Стоилко“ – вработените во шок

Од:

Започна уривањето на сендвичарниците „Чичко Стоилко“ „Нино“ и останатите два објектити каде многу генерации скопјани купуваа сендвичи за пристапни цени.

„Чичко Стоилко“ освен сендвичарница позната по добриот хамбургер, преставуваше скопски бренд.

Отстранувањето на овие значајни обележја за скопјани е поради почнувањето на градежните зафати за реконструкција на зградата на ЕВН и ЕЛЕМ во барок стил, во духот на „Скопје 2014“.

Вработените во сендвичарниците се револтирани бидејќи дислокацијата е направена за многу брзо време.

-Дислокацијата на сендвичарниците беше предвидена од 16. јуни до 20. јуни.

– Но, денеска дојдоа во 9 часот и за 2 часа кренаа се. Имавме рок до 20. јуни рок да се иселиме. Можевме да спасиме барем плочки и нешто од инвентарот. Ние плаќавме на кирија на ГТЦ и токму ГТЦ требаше да застане позади нас – вели една од вработените.

stoilko-urivanje (1) stoilko-urivanje (2) stoilko-urivanje (3) stoilko-urivanje (4) stoilko-urivanje (5) stoilko-urivanje (6)

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски