(ВИДЕО) Се сечат дрвја и во населбата Аеродром

Од:

Жители на скопската населба Острово дел од општина Аеродорм до редакцијата на А1 испратија видео од сечење дрвја.

Граѓаните се изреволтирани од акцијата за сечење дрвја и уништување на зеленило кое се помалку го има во главниот град на сметка на бетонот и нови згради.

Во мејлот испратен до А1 граѓаните напишаа:

„Утрово во Острово во 10 и 30 часот се сечеа тотално здрави дрвја. Браво Ивица Коневски, само напред се испосечи низ Аеродром“.

Пред неколку денови се исекоа дрвја на плоштадот во центарот на градот а се сечеа и дрвјата пред владата за изградба на барокна ограда вредна 700.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!