(ВИДЕО) Напнато во Кисела вода: се руши куќата-лепенка со полициска интервенција

Од:

Со полициска асистенција и приватно обезбедување започна рушењето на куќата -лепенка на улицата Димо Хаџи Димов во Кисела Вода. По неуспешниот обид да се спречи рушењето кое требаше да почне пред еден месец кога Силвана Ивановска, една од сопствениците на соседната куќа се онесвести, денеска имаше нова драма. Расправии, високи тонови и закани упатија Ивановски кон претставникот на фирмата што врши надзор при градење. Бараа багерите да си заминат од соседниот двор и инвеститорот да го запре рушењето. На бурните реакции на соседите интервенираше полицијата која превенираше да не избие поголем инцидент.

„Не дозволувам, не влегувајте во мојот двор. Не може ви кажав, не може, ајде одете си од тука да не ве гледам. Цигли паѓаат во мојот двор, јас со тебе ќе се распрвам“, вака реагираше Лазар Ивановски, откако преставничката на фирмата за надзор се обиде да им предочи да не шетаат околу објектот заради нивна безбедност.

Ивановски не сакаат да се помират со ситацијата дека до нив ќе никне зграда и велат дека за своите права ќе се борат до крај.

„Му кажав на инвеститорот и ќе повторам дека ние сме лепени до нив и не може да руши , ќе одиме на суд и ќе го спречиме ова незаконско градење“, рече Силвана Ивановска.

Од Општина Кисела Вода излегоа на терен да извршат увид во градежните работи и заклучија дека уривањето на куќата се одвива согласно елаборатот за рушење што инвеститорот го доставил заедно со останатата документација.

„Градежен инспектор и претставник за урбанизам констатираа дека сè се одвива согласно законските прописи. Ние го стопиравме рушењето еден месец за да се увериме дали има некаков пропуст, односно дали инвеститорот ги има сите документи и откако откривме дека се во ред, немаме право повеќе да ја кочиме неговата работа. Соседите бараат да го спречиме градењето, но нивното барање е неосновано, бидејќи тој ги има сите потребни дозволи и елаборати. Им понудивме бесплатна правна помош доколку сакаат своите права да си ги побараат пред надлежните судови затоа што пријавија сомнеж дека незаконски е извршено движењето на земјиштето при промена на сопственоста. “, информираат од Општина Кисела Вода за „А1он“.

Инвеститорот кој гради во Кисела Вода подготвил и решение за покривање на штетите од рушењето заверено на нотар, но другата страна, односно семејството Ивановски не сакаат да го потпишат. Нивното единствено барање е да се спречи градење зграда која ќе се залепи до нивната куќа.

Би можело да ве интересира

Тинејџер нападнал полицаец во Кисела Вода, бидејќи му побарал лична карта

Кристијан Ландов

Општина Кисела Вода го обновува паркот „Пушкин“

Ана Ололовска

Жителите на Кисела Вода добија парно, саниран дефектот

Жарко Настоски

Граѓаните во итна акција против седумкатница врз „Тинекс“ кај школото „Дуња“, градоначалникот вели зграда мора да има

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Ацева: Целосно реконструирана улица Востаничка во Кисела Вода, обновена е и водоводната мрежа

Ана Ололовска

Реконструирана улицата „Востаничка“ во Кисела Вода

Ана Ололовска