(ВИДЕО) Се истенчија нервите на Џафери: ‘Талат дека не сака’, не бе брат, еве влезете има 21 точка за гласање

Од:

Собранискиот спикер Талат Џафери се изнервира поради однесувањето на пратениците од опозицијата кои одбиваат да учествуваат на 32. седница, а со тоа не обезбедуваат кворум за гласање, за потоа, да се започне и со 36. седница на која се и економските пакети со мерки. Тој ги праша пратениците „Што мислите, јас јадам слама? Па јас раководам со институција, не работам во кладилница. За што ве плаќаме? За што добивате патни трошоци? Процедури и рокови има“.

Откако пратеникот Димитар Апасиев во процедурално обраќање рече дека мнозинството нема контрола врз Џафери, а тоа е причината што во минатото ВМРО-ДПМНЕ не го давало претседателското место, собранискиот спикер со согласи.

„Мило ми е што кажа една голема вистина, што кажавте СДСМ, ДУИ, ВМРО, ти како Левица, Алијанса, Алтернатива и кои да сте тука, додека сум јас претседател на Собранието, не можете ниту да мислите, ниту да сонувате за контрола врз Собранието. Не е ваше Собранието, тоа на граѓаните. Јас за тоа се борам и ќе се изборам до крај. Јас се сочуствувам со тие луѓе што чекале и чекаат три месеци за четвртиот пакет кој не е донесен уште. Нема никој контрола врз Собранието, освен јас. Јас ја имам таа надлежност. Ако имате поинакво мислење, уште утре поднесете иницијатива и изберете човек врз кој ќе имате контрола за да имате контрола врз Собранието. Додека јас дишам овде контрола, ни ти, ни Адеми, ни Скендер, ни Никола, ни Јован, нема да имате. Мене ми е мило што си разбрал и си кажа“, рече Џафери.

Претседателот на Собранието негира дека го опструирал носењето на економскиот пакет мерки.

„Вчера кажав дека не знам како ќе тече 32. Седница, во зависност како ќе тече, ќе чекам што ќе биде договорот, но не останавте доследни на тоа што јас го кажав дека до петок го чекам конечно од Алијанса/Алтернатива и мнозинството за Законот за државјанство. За да не излезе дека јас сум минерот на таа иницијатива и тоа прашање, ова го кажав почитуван Апасиев алијас Кастро. Дојдовте се потпишавте тука и цел ден седите на ‘Фејсбук’ и по медиуми и удирате како сега ‘Талат дека не сака’, ‘Талат не дава’, ‘Талат опструира’. Не бе брат, еве тука, влезете, 21 точка има за гласање од 32. седница, не викам дека мора да ги поддржите, иако сите се во интерес на граѓаните, а не во мој интерес ниту во интерес на мојата фамилија. Процедурата е таа, оваа седница е отворена“, додаде Џафери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште