(ВИДЕО) СДСМ: Зад параванот на социјални вработувања, ДПМНЕ остварува тесно-партиски интереси

Од:

СДСМ денеска ја обвини власта дека со необјавувањето на ранг листата на луѓето кои не добиле работа во „Македонски шуми“, а се вистински социјални случаи, одземено им е правото на приговор.

– СДСМ бара јавни одговори како меѓу вработените од Гостивар, во групата на самохрани родители е вработен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој има сопруга, сопственичка на фризерски салон, а и тој самиот има приватна фирма, праша денеска на прес-конференција членот на ИО на СДСМ Хари Локвенец.

Тој наведе повеќе неправилности за вработувањата во „Македонски шуми“ како за вработување на 21 лице од Свети Николе кои се подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, за веќе вработено лице во конфекција од Карбинци и за вработен од Штип, член на владејачката партија.

Локвенец праша како од 44 лица од Охрид кои се вработени во „Македонски шуми“ девет воопшто не постојат и како меѓу 30 примени од Струмица, дури 12 не постојат.

Нагласи дека бројката од пријавените 23 илјади граѓани за вработувањата во „Македонски шуми“ покажува дека власта продуцира сиромаштија, која е и предмет на манипулации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?