(ВИДЕО) СДСМ: За семејно насилство богатите може да платат и да бидат слободни

Од:

„Последниот случај на тројно убиство во Кавадарци покажа дека институциите кои треба да штитат од насилство не функционираат.

Заштитата од семејно насилство лошо се применува на терен што се покажува трагично по повеќе одземени човечки животи во изминатиов период“, изјави на денешната прес-конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„Еве каква е состојбата на теренот:

Шелтер центрите не работат. Полициските станици наплаќаат за посета на семејства каде има пријава за семејно насилство. Здравствените институции сметаат дека пријавувањето на жртви на семејно насилство не е нивна обврска. Центрите за социјална работа немаат технички ресурси за увид во семејствата и работа на терен. Недостасуваат советувалишта за деца.

Дополнително, ниту со донесувањето на нов Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство власта на Никола Груевски не понуди никакви конкретни решенија за решавање на проблемите.

Иако најголемиот број на пријавени жртви од семејно насилство во Македонија се жени, овој Закон како посебна целна група не ги вклучува жените, со што ги дискриминира.

Предвидените времени мерки за заштита, како на пример отстранување на сторителот на семејно насилство од домот, се нејасни и не може да се спроведат. Нема насока каде сторителот ќе биде пратен. Никој не може да гарантира дека нема да се врати во домот и да нема да ја повреди жртвата. Токму случајот во Кавадарци е резултатот од не третирање на сторителот и опасностите кога е оставен без контрола.

Дополнително, власта нуди законска привилегија на богатите сторители на насилство, што е скандалозно. Замислете, Власта на Груевски предвидела, доколку сторител на семејно насилство, не ја почитува судската одлука за спроведување на некоја од привремените мерки, може да си плати 2.500-5.000 евра и да биде ослободен.

Фактот што овој закон се донесе без финансиски импликации или без определен буџет за негово имплементирање покажува дека ниту еден дополнителен сервис за заштита нема да биде отворен.

Социјалдемократскиот сојуз верува дека сите граѓани имаат право да живеат во свет без насилство.

Ја повикуваме власта што поскоро да ја ратификува Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против домашното насилство и насилството врз жените, попозната како Истанбулска конвенција.

Конвенцијата е првиот сеопфатен инструмент на европско ниво кој се однесува на насилството и соодветната имплементација ќе влијае на решавање на дел од проблемите. Тоа ќе биде значаен чекор кој може да спаси многу човечки животи“, рече Мила Царовска.

 

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат