(ВИДЕО) СДСМ: Водостопанството е во лоша состојба, еве решенија за спас

Од:

„Состојбата со водостопанството на Република Македонија е сериозно влошена. Потребно е превземање на итни мерки.

Системите за наводнување, кои се основна потреба за земјоделството во Македонија и за нашите земјоделци се во многу лоша состојба.

Поради неспособноста на власта, најголем дел од мрежата на водостопански објекти се уништени, а останатите објекти и хидросистеми се напуштени и заборавени од државата.

Ваквата состојба резултира со постојано намалување на наводнуваните површини. Во последните неколку години површината што се наводнува е под 15.000 хектари.

За споредба, во 1987 година вкупната наводнувана површина изнесувала 82.600 хектари.

Очекувано, во вакви услови, без наводнување, нема да има ниту нормално земјоделско производство“, рече на денешната прес-конференција Панче Орцев, пратеник и член на Комисијата за земјоделство.

„Почитувани земјоделци, оваа власт не најде начин да обезбеди ниту минимална одржливост на постојните хидросистеми.

Но, уште посериозен и понеодговорен е односот на власта кон граѓаните. Голем дел од хидросистемите, низ цела Македонија, имаат нагласена основна дејност водоснабдување на населението и индустријата.

Најавеното формирање на Акционерско друштво за управување со водите за наводнување нема да ги реши проблемите, затоа што тие се природен ресурс од јавен интерес и им припаѓаат на сите граѓани на Република Македонија.

Почитувани земјоделци, основно што треба да се направи за да се спаси водостопанството од недомаќинско работење на актуелната власт е следно:

Прво: Измена и дополнување на Законот за води и законско решавање на надлежностите во најмногу две ресорни министерства, а не во повеќе, како што е сегашната состојба.

Второ: Целосно реконструирање на постојните хидросистеми, а дури потоа инвестирање  во нови и тоа, таму каде што има потреба и економска оправданост за развој на земјоделското производство“, изјави Орцев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија