(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Од:

Во Ново Село денеска мирни млади социјалдемократи го пречекаа Христијан Мицкоски со едноставна порака, Гостивар се труе, вие сте виновни. Мирно. Културно. Без насилство. Одговорот на организираната криминална група беше класичен: пратија околу десетмина да им се закануваат, да ги нападнат и да ги замолчат. Меѓу нив и шофер на градоначалникот на Ново Село, Наско Димитриев, велат од СДСМ.

– Вчера поднесуваа кривични пријави за навреда. Денеска праќаат насилници. Ова е нивото на власт што ја води Мицкоски. Кога нема аргументи – праќаат луѓе да тепаат. Кога нема резултати – шират страв. Кога народот прашува за труењето во Гостивар – тие напаѓаат млади. Мицкоски ја загуби контролата. Се плаши од вистината. Се плаши од народот. Се плаши од младите. Затоа што младите не се купуваат со лаги. Не се плашат од закани. И не молчат додека цела Македонија се труе. СДСМ бара од МВР веднаш да ги идентификува и уапси сите учесници во нападот. Сите до еден. Без селективност. Без заштита. А на младите социјалдемократи им порачуваме јасно: Не сте сами! Нема да ве замолчат. Борбата против насилството и криминалната власт продолжува. Народот е буден. И стравот веќе не е на нивна страна, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра