(ВИДЕО) СДСМ: Преку 250.000 млади луѓе ја напуштиле државата

Од:

„Младите во Република Македонија се најзагрозени од лошата општествено-економска состојба во земјата. Погрешните политики на актуелната власт ги потврдуваат низа податоци од реномирани светски институции.

Според Светска банка, невработеноста кај младите во Македонија изнесува над 58%, што не прави неславни рекордери во нашиот регион.

Во изминатите неколку години неверојатна бројка од преку 250.000 млади луѓе ја напуштиле државата. Дури 75% од младите во нашата држава не се преголеми оптимисти за нивниот просперитет во својата татковина па иднината ја гледаат надвор од Република Македонија“, рече на денешната прес-конференција, потпретседател на СДММ, Марио Михајлов.

„И младите во центарот на Источна Македонија, се повеќе своите идни планови ги засноваат на иселување од нашата држава.

Главен проблеми на младите надежи во Штип се невработеноста и неможноста за просперитет и докажување. Дури и оние кои се вработени, добиваат ниски плати со кои реално, тешко се опстојува.

И покрај тоа што Штип важи за студентски град, младите академски граѓани немаат државен студентски дом во вистинска смисла на зборот, таков каков што доликува да има центарот на Источна Македонија.

Веќе подолг временски период се најавува изградба на современ студентски дом за оние кои студираат во Штип, но истиот никако да се реализира.

Во рацете на младите е иднината на нашата Република Македонија.

На светскиот ден на младите апелираме до власта: Неопходно е итно вложување на огромни напори за сопирање на негативниот тренд на иселување на младите“, вели Марио Михајлов.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он