(ВИДЕО) СДСМ: Во Гевгелија се уште се пие вода со отровниот арсен

Од:

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Франгов ги задолжија гевгеличани со кредит од 500 илјади евра за јавното комунално претпријатие. Но парите не се наменија за тоа за што беа земени. Не се заменети азбестните цевки со нови. Не е реконструирана водоводната мрежа во градот и населените места, обвинуваат од СДСМ Гевгелија.

Ставени се само нови водомери што не го спречија арсенот да излегува од чешмите, туку ги зголемија давачките на граѓаните.

Сметките за вода не се двојно повисоки, не се тројно повисоки, сметките за вода се зголемија за 5 ПАТИ!

И не само што се задолжи општината и се оптоварија граѓаните со повисоки сметки, туку општина Гевгелија должи дополнителни 63 милиони денари кон доверители.

Затоа изградбата на браната на Конско, што требаше да биде завршена до 2013-та година не е ни почната да се гради. Иако власта на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија два пати ја ветува.

Конска брана требаше да помогне, како извор на вода и плус за наводнување.
Гевгелија од општина којашто имаше највисок општествен производ по глава на жител, денес е една од најзадолжените општини со голем број непокриени обврски.

ВМРО-ДПМНЕ и Франгов ја изиграа довербата на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски