(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шверцерски и незаконски изгласа Буџет во Ѓорче Петров

Од:

„На шверцерски и незаконски начин ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Буџетот за 2016 година во Ѓорче Петров без советниците од СДСМ.

Покрај тоа што е неразвоен, неостварлив и нетранспарентен Буџетот за наредната година е и незаконски донесен.

Со овој Буџет што самите си го изгласаа ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери, се зголемуваат долговите на општина Ѓорче Петров и дополнително се осиромашуваат граѓаните“, изјави на денешната прес конференција Снежана Трајковска, координаторка на Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Советот на Ѓорче Петров.

„И покрај тоа што општината Ѓорче Петров е презадолжена со кредити, нивото на приходи од година во година се намалува, средствата се користат ненаменски, ВМРО-ДПМНЕ и Митровски продолжуваат со расипничкото трошење на парите на граѓаните.

Оваа година ВМРО-ДПМНЕ потроши високи 25.000 евра за предновогодишно украсување со светилки само на одредени места во Ѓорче Петров.

На седницата на Советот на Ѓорче Петров на којашто требаше да се донесе Буџетот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за време на дадена пауза од еден час, сами, без советниците од СДСМ, сосема незаконски го изгласале Буџетот.

Градоначалникот Сокол Митровски ја напушти на седницата на којашто се носеше незаконскиот буџет. Но затоа заедно со советниците на ВМРО-ДПМНЕ по седницата отишол на прославата којашто ја организирале за незаконски донесениот Буџет, на штета на граѓаните.

Граѓаните знаат дека Никола Груевски не мисли на интересите на граѓаните, нивните права и потреби во местата каде што живеат.

Премиерот во заминување, Никола Груевски 10 години единствено мисли на расфрлање на народните пари за споменици, богатењето на неговата фамилија, парцелите на Водно, матните зделки на братучедот Мијалков, „чоколадите” на кумот Ставрески…“, рече Снежана Трајковска.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!