(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на Христијан Мицкоски

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е без политички компас, дека нема јасен правец на делување и дека е во тотална конфузија, и тоа токму во еден од најважните периоди за иднината на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на нивниот претседател Христијан Мицкоски.

Од говорот на Мицкоски на официјалниот канал на ВМРО-ДПМНЕ цензурирани се неколку реченици кои побудија најголем медиумски интерес. ВМРО ДПМНЕ го цензурираше Мицкоски која самиот за себе вели: „Кој е Мицкоски да му каже на народот што треба да прави?“

Партија што се автоцензурира и менува сопствени содржини, покажува дека нема јасни ставови, дека во неа владее целосна конфузија, дека не го почитува ниту сопствениот збор ниту граѓаните.

Уште еднаш повикуваме на сериозност во овие историски моменти за Македонија. Станува збор за иднината на државата, за иднината сите наши деца, на сите наши граѓани.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да се стабилизира, да се преиспита и да се вклучи во процесите кои носат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Добро е и за ВМРО-ДПМНЕ, за нејзините членови и за самиот Мицкоки, што поскоро да се освести, да повика да се излезе на референдумот, да повика ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он