(ВИДЕО) СДСМ: Власта на Груевски насилно ги верификуваше мандатите на опозицијата

Од:

Членот на Извршен одбор на СДСМ Рената Дескоска, во изјава за медиумите попладнево оцени дека „денешната верификација на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата, и покрај нивните нотарски заверени изјави е уште еден доказ за самоволието, насилството и ароганцијата на власта“.

– Она што важеше за Ивица Коневски, Марјан Ристески и други кандидати за пратеници во 2011 година, кога нивните изјави за неприфаќање на мандатот беа прифатени, очигледно денес не важи за нас како опозиција, рече Дескоска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ со тоа покажува двојни аршини и не ги почитува Уставот и законите.

– Откако не им помина обидот да ја разединат опозицијата, пласирајќи лажни информации за премин во други партии, денеска извршија насилна верификација на мандатите. На 24 декември 2012 година на сила ја исфрлија, а сега на сила сакаат да ја внесат опозицијата во овој нелегитимно избран парламент. СДСМ останува на ставот дека овој изборен процес беше недемократски и нефер и ги поткопа институциите, заради што бараме формирање на техничка влада која ќе спроведе легитимни избори што ќе ја одразат волјата на граѓаните, изјави Декоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?