(ВИДЕО) СДСМ: Власта ја ограничува слободата на одлучување на судиите

Од:

„Со предлог Законот за одредување на видот и висината на казните власта ја ограничува слободата на одлучување на судиите. Власта на Никола Груевски сака да им наметне на судиите да бидат само административни фигури.

Наместо независност и одлучување по убедување судиите ќе бидат приморани да ги одмеруваат казните преку шаблонски систем со одземање и додавање поени. Наместо слободно убедување, судиите врз основа на табела ќе треба да констатираат каква и колкава казна да биде изречена на обвинетиот.

Тоа ќе биде на штета и на судскиот систем и на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција Горан Сугарески, пратеник.

„Судијата треба да биде независен и да одлучува врз основа на своето убедување и стручност, а одмерувањето на казните да биде врз основа на конкретни фактички околности.

Затоа овој предлог на власта е скандалозен, неприфатлив и правно неиздржан.

И покрај бројните критики што ги добива Република Македонија во Извештаите на Европската Комисија поврзани со судството власта продолжува со носење на лоши закони, особено во оваа област.

Пред неполна една година беше донесен Правилник за начинот на одмерување на казните врз основа на измени во новиот Кривичен Законик. И тоа спротивно на мислењето на најголем дел од адвокатската фела , која негативно се изјасни за вакво ограничување кое ќе претставува укинување на двостепеноста на постапката.

Власта на Никола Груевски целосно го занемари предусловот да се добие претходно мислење од Адвокатската комора  и Јавниот обвинител. И наместо да ги увиди негативностите од овој Правилник актуелната власт сега го издига на ниво на Закон со што прави уште поголема грешка.

Најавуваните реформи во судството од страна на владата веќе не се ниту обична шминка туку целосно промашување кое ќе биде на штета на граѓаните на РМ“, вели Горан Сугарески, пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски