(ВИДЕО) СДСМ: Владимир Талески со коруптивен договор од 360.000 евра

Од:

„Го повикуваме градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. За доброто на битолчани, за доборото на Битола. Независната институција, Специјалното јавно обвинителство вчера го потврди она што го говореше СДСМ и коалицијата во Советот за сомнителното работење на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески“, вели Наташа Петровска од СДСМ Битола.

Се покажа колку биле основани нашите сомнежи и колку има вистина во постоењето на „коруптивниот договор до даска“.

Каде завршија над 360.000 евра, за кои вчера слушнавме?

Во чии џебови завршија овие пари, додека училиштата беа со блокирани сметки, оставени без греење, со очајни тоалети и без основни сретства за хигиена?

81 криминално дејствие, 22 осомничени лица за службена злоупотреба, побарана мерка притвор за 11 лица, само потврдуваат дека токму криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги донел училиштата во очајна состојба.

И покрај овие тешки обвинувања, замислете, Владимир Талески, без нималку срам, смета дека обвиненијата против него се неаргумантирани.

Доколку обвиненијата против него се неаргументирани, го повикуваме јавно да го одбие помилувањето на Иванов.

Криминалното работење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е одлика на нивното 10 годишно владеење.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им зедоа 10 години од животот на секој граѓанин.

Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и демократски избори.

По промените, на следните фер и демократски избори, без исклучок, секој што го прекршил законот ќе одговара. Борбата против криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна. Во Македонија ќе завладее слобода и демократија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски