(ВИДЕО) СДСМ: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски

Од:

Во време кога цела држава жали за загубата на 59 животи во Кочани, кога се собираат донации од граѓаните и фирмите за да им се помогне на семејствата на жртвите, Владата на Мицкоски и ДПМНЕ склучува договор вреден 400.000 евра за анкети. Во време на тага и болка на народот, за власта биле најважни анкетите.
Toa што нема опрема за пожарникари, што нема доволно екипи не е приоритет, рејтинот на Мицкоски е приоритет. Тендерот за испитување на јавното мислење кој тежи 400.000 евра го добива нивната омилена агенција Маркет Вижн, вели Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ.

– Агенција која редовно спроведува анкети со кои убедува дека Мицкокси е најдобар политичар. Граѓаните донираат, а Владата троши пари на себе промоција. Додека работниците, лекарите и наставниците добиваат пониски плати од ветеното, додека пензионерите едвај врзуваат крај со крај, додека младите бегаат од државата – Владата има пари само за мерење популарност и политичка пропаганда. Ова е бесчувствителност во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага за трагедијата. Ова е доказ дека за оваа Влада, приоритет не се луѓето, туку рејтингот.

Истата таа Влада вели дека нема пари за зголемување на плати, повисока финансиска поддршка за студентите, пари за субвенции на цените на струја и храна. Власта нема пари за стипендија за младиот херој Јован, таа е обезбедена од приватници, ама има 400 илјади евра за анкети. Пари нема за ништо освен за рејтингот на Мицкоски. Оваа набавка од 400.000 евра само потврдува дека се што ДПМНЕ објавува како наводен рејтинг е лажна слика, платена од граѓаните.Целта е една – да се замајува јавноста. Да се манипулира народот, со добро познатите режимски методи за создавање лажна, извитоперена слика за реалноста. Ова е пример за погрешниот систем којшто мора да се промени рече Костова.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ