(ВИДЕО) СДСМ Виница: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира зашто врие во нивната партија

Од:

„Најостро ги демантирам спиновите на ВМРО-ДПМНЕ, кои преку лажни профили дезинформираат за ОО на СДСМ Виница.

Општинската организација на СДСМ Виница, јас како претседател, раководството и членството ниту сме преминале во друга партија, ниту тоа имаме намера да го направиме“, изјави претседателот на ОО СДСМ Виница, Ивица Димитров.

„Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги покријат оставките од нивните високи владини функционери со лаги околу единството на СДСМ.

За лажната информација веќе известивме и на нашиот официјален Фејсбук профил СДСМ ВИНИЦА.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, оние кои останаа околу Груевски, нека ги остават манипулациите и нека се завртат околу себе, што им се случува во нивните општински комитети, таму им врие“, рече претседателот на ОО СДСМ Виница, Ивица Димитров.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски