(ВИДЕО) СДСМ: Уште колку жртви треба да се случат за власта да го почитува животот?

Од:

Луѓето гинат по необезбедени патишта, а власта со скапи реклами учи како да се почитува животот. За кампањата “Почитувај го животот“ власта ќе потроши најмалку 500-тини илјади евра пари на граѓаните, како што пренесоа медиумите. Рекламите течат, а официјално, во Македонија има обележани дури 169 црни точки на патиштата уште пред 4 години, според Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. И никој не ги санира иако тоа е најдобар начин за намалување на несреќите, вели Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Во Македонија, за црна точка се смета доколку во текот на една година се случиле четири или пет сообраќајки. Во Данска на пример тој критериум е многу построг, за црна точка се смета место каде за период од 5 години се случиле 4 сообраќајки.

Поради неодговорност на власта патиштата се претворија во најголем убиец. Бројот на жртви во сообраќајни незгоди е за 4,5 пати поголем од бројот на убиства.

Најкобни се 42 црни точки ширум земјава.

Кај клучката „Југ“ оваа година во Тетово загина 19 годишно момче, матурант, а четири лица беа поврeдени.

Реално, се гине насекаде. Нема патен правец кој не е опасен.

Клучката кај Хиподром, од делницата Скопје – Велес, патниот правец Желино – Тетово,
делниците Крива Паланка – Куманово, Куманово – Скопје и Скопје – Охрид – Ќафасан се едни од најопасните делници.

Во само еден ден, на автопатот Скопје – Тетово се случија четири сообраќајни несреќи поради неконтролирано движење на кучиња – скитници.

И регионалните патишта се небезбедни. На пример на патот Прилеп – Крушево има повеќе црни точки: кај местото Смилевски трла, Чакор, Зли дол….

Овие опасни делници, овие небезбедни патишта носат жртви. Бројката загинати за само за 6 месеци оваа година е дури 71 лице. Во првото полугодие на 2014 се случиле 1.716 сообраќајни несреќи со потешки последици. Освен загинатите, во незгодите поврeдени се дури 2.687 лица, според статистиката на МВР.

Безбедните патишта се само една од елементарните потреби на граѓаните.

Да се фокусираше власта на изградба и обнова на патната мрежа наместо да троши милиони за проектот Скопје 2014 македонските патишта ќе беа побезбедни и ќе се спасеа многу човечки животи.

Сега граѓаните ја прашуваат власта:

-Уште колку жртви треба да се случат за да го платат непочитувањето на животот токму од страна на оваа неодговорна власт?!

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски