(ВИДЕО) СДСМ: Универзална сала да го носи името Тоше Проески

Од:

Советничката група на СДСМ и коалицијата Сојуз за иднината во Град Скопје за претстојната седница на советот поднесе Иницијатива за промена на името на Универзалната сала во Конгресен центар Тоше Проески, вели Ѓорѓе Матевски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Очекуваме градоначалникот Коце Трајановски и мнозинството советници на ВМРО ДПМНЕ дека ќе ја прифатат иницијативата и ќе ја исправат сопствената грешка кога на нетранспарентен начин и спротивно на претходно донесената одлука на советот и ветувањата дека салата ќе се вика Тоше Проески сепак дадоа согласност да се именува во Александар Македонски.

Иако во јануари 2014 година Советот едногласно донесе Заклучок салата да се именува Тоше Проески, во Јули 2014 г. Власта на ВМРО ДПМНЕ ја промени одлуката.

Недозволиво е власта да нема слух за барањето и желбата на мнозинство жители на Скопје и на цела Македонија оваа сала – симбол на уметноста и хуманоста да го носи името токму на личност – симбол на уметноста и хуманоста а тоа е Тоше Проески.

Надвор од секоја логика е оваа сала во која се одржани стотици концерти на забавна и народна музика, околу 1000 претстави и концерти за деца, бројни мјузикли, околу 300 театарски претстави, џез фестивали и оперски претстави да не го носи името на Тоше Проески.

Токму Тоше Проески, со својот лик, музички и хумани постигнувања ги обединува сите граѓани без оглед на возраста, етничката, верската или политичката припадност па за нас е неприфатливо внатрешна сала или простор да го носи неговото име туку бараме целокупниот објект и центар да биде именуван Тоше Проески.

Убедени сме, граѓаните на Скопје и Македонија даваат масовна поддршка на оваа наша иницијатива.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија