(ВИДЕО) СДСМ: Трајановски да покаже грижа за социјално загрозените граѓани од Вардариште

Од:

„На денешната седница на советнички прашања ќе актуелизираме тема од голема важност за дел од социјално загрозените граѓани во Скопје. За кои власта ништо не превзема да им помогне.

Околу 5.000 граѓани, на работ на егзистенцијата, живеат во населбата Вардариште која се наоѓа на само неколку километри од центарот на Скопје, позади Кванташкиот пазар во Гази Баба“, изјави на денешната прес-конференција во Советот на Град Скопје, советничката, Сања Зинзирова.

„Населбата се состои од стотина живеалишта. Условите за живот се катастрофални, како што можете и сами да видите на овие фотографии.

Foto vardarishte 2

Канализацијата тече по улици. Луѓето живеат во ѓубре. Голем дел од децата не одат на училиште. Сите жители преживуваат онака како ќе се снајдат, а најчесто од собирање на пластичен отпад.

Foto, vardarishte 1

Македонија според Уставот е социјална држава. Скопје како нејзин главен град не може и не смее да замижува пред мизерните услови за живот на овие наши сограѓани. Коце Трајановски како дел од власта во Македонија, се изгуби во раскошот и луксузот, во спомениците, фонтаните, музеите и барокните фасади и не води грижа на социјално најзагрозените категории на граѓани во Скопје.

Градот Скопје и државата мора да се погрижат за овие граѓани и итно да превземат мерки за нивно социјално згрижување.

Foto, vardarishte 3

Преку советничко прашање денес, ќе предложиме ЈП Комунална Хигиена веднаш да испрати механизација за собирање на отпадот кој се наоѓа во населбата. Тоа е важно за здравјето на децата, кои секојдневно играат во ѓубрето.

Градот Скопје и државата поинтензивно да се ангажираат за отворање на социјални претпријатија кои ќе им го решат статусот на неформалните собирачи на пластичен отпад.

Foto, vardarishte

Градот Скопје и општина Гази Баба веднаш да обезбедат услови, децата од Вардариште да можат да одат на училиште.

Државата веднаш да се погрижи да им обезбеди минимум пристојно живеалиште на овие наши сограѓани. Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро“, рече Сања Зинзирова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ