(ВИДЕО) СДСМ: Тодоров прво себеси да се казни

Од:

„Министерот за здравство и власта ги кријат своите слабости во здравството и катастрофалните последици од нивните политики, со критиките кон лекарите околу „Мој термин“.

-Нема нови болници. Нема минимум достоинствени услови за пациентите. Нема минимум цивилизирани услови за работа на медицинскиот персонал. Нема минимум хигинески услови, а не професионални!

-Нема лекови и медицински материјали во болничките шкафови, што треба да ги има. Пациентите сами си ги купуваат.

-Нема реагенси во болничките лаборатории.

-Ако зборуваме за Штип, и по 8 години, сеуште ја нема ни ветената нова болница.

Нема ни одговор од Никола Тодоров зошто сето ова што мора да го има, го нема.

Тодоров во вакви околности, за да го дефокусира проблемот, најави казни за лекарите“, рече на денешната прес-конференција Д-р Владимир Милошев, претседател на ОО на СДСМ Штип.

„Во врска со „Мој термин“ бараме од Тодоров да им признае на граѓаните:

-Дали знае дека електронскиот  систем „Мој термин“ паѓа неколупати во текот на денот, што по автоматизам значи задоцнување со прегледите? Ако знае, а знае, зошто не презема ништо?

-Дали Тодоров знае дека во една амбуланта, преку еден компјутер, работат четворица лекари специјалисти? За да не чекаат пациентите, ако Тодоров ова го знае, а го знае, зошто не презема ништо?

Бидејки Тодоров го претвори медицинскиот персонал во администрација, воведе задолжителното пополнување на т.н.клинички патеки, обврска за снимање операции, комисии за утврдување на неопходноста од извршување хируршка интервенција, тој, Никола Тодоров треба да одговори, зошто им го направи тоа на пациентите.

За долгите чекања за преглед, долгите чекања за рентгенски снимања, за оправданата нервоза на пациентите, за притисоците под коишто работат лекарите и медицинскиот персонал, Никола Тодоров треба прво себе си да се казни“, изјави Д-р Владимир Милошев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски