(ВИДЕО) СДСМ: Тодоров го доведува во ризик здравјето на дијабетичарите

Од:

„Граѓаните дијабетичари коишто имаат потреба од оваа терапија се оставени самите да се снаоѓаат како знаат и умеат.

На пациентите им се дава заменска инсулинска терапија, заостанат во залихите во земјава.

Ова може да биде животно загрозувачко за пациентите, затоа што на секој дијабетичар му е препишан вид на инсулин што одговара на неговата состојба.

Пациентите со денови чекаат пред болничките аптеки со надеж дека ќе пристигне нивната терапија која им е препишана.

Никола Тодоров и Никола Груевски ги доведоа дијабетичарите во ситуација да не добиваат соодветен инсулин.

Никола Тодоров го доведува во ризик здравјето на дијабетичарите и треба веднаш да поднесе оставка“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски