(ВИДЕО) СДСМ: СОНК да се оттргне од партиското влијание на ВМРО-ДПМНЕ во интерес на работниците

Од:

Филип Попоски портпарол на ОО на СДСМ Прилеп денеска на прес-конференција изјави дека Синдикалната организација СОНК е под партиско влијание на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во повеќе наврати предупредувавме дека регионалниот координатор на СОНК во Прилеп, е кадар на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и посочувавме на неговата партиска улога. Златко Думбалоски, не ја крие својата партиска припадност, за што постојат повеќе слики каде тој присуствува на партиски средби, состаноци и собири на ВМРО-ДПМНЕ. Чии интереси брани Думбалоски, на самостојниот синдикат, којшто треба да е независен и непартиски, или на ВМРО-ДПМНЕ? На работниците, или на партијата? И наместо да биде отпуштен од синдикатот заради неговото учество на партиски средби на ВМРО-ДПМНЕ, лицемерно и без ниту малку срам Думбалоски сега се претставува како бранител на правата на работниците на коишто им завршиле договорите за работа во училиштата и градинките на 31.12.2017 година, рече Попоски.

Тој запраша каде бил Златко Думбалоски да организира протест и да бара од поранешната локална власт на чело со Марјан Ристески да им го реши статусот на тие работници.

– По какви критериуми Златко Думбалоски и неговата сопруга се вработени во иста образовна установа, Основното училиште „Добре Јованоски“, по партиска или по стручна? За разлика од претходните 12 години власт на ВМРО-ДПМНЕ, кога партиските „тевтерчиња“ и списоци беа единствен услов за вработувања, денес институциите работат независно и професионално. Денес, институциите ангажираат работен кадар исклучиво врз основа на квалитет, професионалност и стручност. Ги охрабруваме СОНК и сите останати синдикатите да се ослободат од партиската спрега. Само силни и независни синдикати, отпорни на партиски притисоци и влијанија, можат реално да ги бранат интересите на работниците и граѓаните, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски