(ВИДЕО) СДСМ: Со Буџетот за 2021 година, обезбедуваме над 115 милиони евра поддршка за компаниите

Од:

Предлог Буџетот за 2021 година утре влегува во собраниска процедура. Буџетот за 2021 година има три значајни цели: Да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани. Да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата. И трето, да се одржат и унапредат основните функции на државатта и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи – рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

„Буџетот за 2021 година ја потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев за силна поддршка на стопанството, преку спас на работните места, поддршка на конкурентноста на компаниите, како и раст на платите.За таа цел Буџетот за 2021 година преку неколку програми обезбедува поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се насочат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените“ – вели Георгиевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски