(ВИДЕО) СДСМ: Снема огревно дрво во Струмица

Од:

Во екот на грејната сезона јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги остави струмичани без огревното дрво. Покрај тоа што граѓаните навремено склучиле договори, Јавното претпријатие се уште не им ги испорачува дрвата за огрев. Граѓаните се оставени самите да се снаоѓаат, како знаат и умеат. Оправдан е револтот кај нашите сограѓани кои се загрижени да не останат без дрва цела зима, изјави денеска на прес конференција Миле Милановиќ, член на извршниот одбор на струмичката организација на СДСМ.

– Јавното претпријатие „Македонски шуми“, подружница „Беласица“ е должно да одговори што се случува со огревното дрво? Зошто дел од граѓаните на Струмица власта ги остави без дрва за огрев? Дали дел од огревното дрво завршува во други општини и зошто тоа се прави на штета на граѓаните во Струмица кои платиле за да го добијат? Или пак дојде време да се плати сметката од бесправната и неконтролирана сеча на шумите пред која намерно се замижува во последните години? Дали бесправната сеча во изминатите години, особено пред избори, ги опустоши шумите и нема повеќе огревно дрво? Евтиниот популизам на власта не ги грее домовите на граѓаните.Власта на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се должни на граѓаните кои останаа без огревно дрво да им ги одговорат овие прашања, запраша Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски