ВИДЕО: СДСМ слави со огномет во Тетово

Од:

Неколку стотици симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз и на партиите од коалицијата „Можеме“ се собраа вечерва пред седиштето на СДСМ во центарот на Тетово за да ја прослават, како што велат, победата на парламентарните избори.

Десетина момчиња запалија факели стоејќи на средината на булеварот „Илирија“, додека траеше неколкуминутен огномет, a симпатизерите славеа со знамиња и вклучени сирени на автомобилите.

Според првичните резултати што вечерва ги објави ДИК, во Тетово коалицијата „Можеме“ освоила 20.35 отсто од гласовите, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 15.39 отсто од излезените избирачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане