(ВИДЕО) СДСМ Штип: Власта на ВМРО ДПМНЕ веќе девет години ги лаже штипјани

Од:

„Додека граѓаните на Штип и околината се лекуват во мизерни, крајно недостоинствени услови, штипската клиничка болница повторно е дел од лажната пропаганда на ВМРО ДПМНЕ.

Без ниту минимум морална одговорност, за катастрофалната состојба во којашто се наоѓа болницата во Штип, без ниту малку срам, министерот Тодоров по кој знае кој пат најавува почеток на нејзина изградба.

Власта на ВМРО ДПМНЕ веќе девет години ги лаже штипјани“, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската организација, Владимир Милошев.

„Прво, во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ ветуваше реконструкција на болницата во Штип. Во 2008-ма година, повторно пред избори, по втор пат се најави нејзината реконструкција и штипјани повторно беа излажани.

Како што се влошуваше состојбата во штипската болница така се зголемуваа лагите. Пред сите избори ВМРО-ДПМНЕ најавуваше изградба на нова болница. Така беше и во 2011, и во 2013  и во 2014 година. Така е и сега.

Поминаа девет години, до ден денес ниту трага од бомбастичните најави.

Сите овие години пациентите од источниот регион се лекуваат во мизерни и крајно недостоинствени услови. Недостиг на основни средства, лекови, преполни болнички соби со 10, па и со 12 кревети, лоши хигиенски услови, простории полни со мувла и различни инсекти.

Министерот во заминување, Никола Тодоров, наместо да манипулара со јавноста во обид да ја избегне сопствената одговорност, должен е да одговори:

  • Зошто во штипската болница подолг период недостасува основен оперативен материјал, хируршки конци и хируршки ракавици?
  • Зошто во континуитет недостасуваат неопходите лекови во болничките шкафови, а пациентите се принудени сами да ги купуваат?
  • Зошто во континуитет недостасуваат реагенси во болничката лабораторија?
  • Зошто недостасуваат основните лекови за тешко бубрежно болните пациенти?

Додека штипјани се оставени без основни услови во штипската болница, власта во заминување троши стотици милиони евра за непродуктивни проекти, за споменици, фонтани, бронза и мермер.

Граѓаните повеќе не веруваат на лажните пропаганди и манипулации на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ.

Господине Тодоров, поради вашите погрешни политики гаснат млади животи. Вие немате морален кредибилитет да зборувате за градење на нови болници. Само ваше заминување, заедно со целата влада на ВМРО-ДПМНЕ, го отвора патот за вистински здравствени политики и подобри состојби во здравството“, изјави Владимир Милошев.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он