(ВИДЕО) СДСМ Штип: Самоволието на градоначалникот Илчо Захариев мора да прекине

Од:

Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери бара вонредна седница на Советот на општина Штип со единствена точка на дневен ред: Избор на 6 члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие Исар Штип.

„Најголемото јавно претпријатие во Штип, ЈП Исар, од 2013 година функционира незаконски, со управен и надзорен одбор со изминат мандат.

Градоначалникот Илчо Захариев, за кој, како што чувме, неговите сопартијци сметаат дека е „бандит невиден“, не ја исполни својата законска обврска да распише конкурс за именување на нови членови бидејќи мандатот одамна им е истечен.

Поради нелегитимниот состав, одлуките на ова јавно претпријатие се незаконски со што се отвора сомнеж дека на незаконски начин се потрошени големи суми, пари на граѓаните.

СДСМ и коалиционите партнери, до Државната комисија за спречување на корупција и до Државниот завод за ревизија ќе поднесат претставки поради  спроведување на одлуки коишто не се законски и немаат правна сила.

Претставките се против, градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, Претседателот на Советот на општина Штип Влатко Миташев, поранешниот директор на Јавното претпријатие Исар, Никола Мицевски, ВД.директорот на Јавното претпријатие Анѓел Бојаџиев и претседателот на Управниот одбор на ЈП Исар, Соња Тулиева.

Не очекуваме ништо од целосно паритизираните институции под контрола на Никола Груевски и неговите најблиски соработници. Но, со овие претставки оставаме пишана трага и покажуваме дека ги почитуваме законските одредби.

Интересот на граѓаните е на прво место и затоа самоволието на градоначалникот Илчо Захариев мора да прекине“, изјави на денешната прес конференција, Владимир Милошев, СДСМ Штип.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија